Џеф Безос, основачот на „Амазон“ веќе не е најбогат човек на светот. Откако акциите на „Амазон“ паднаа за седум проценти, неговото богатство се намали на 103,9 милијарди долари, а Бил Гејтс се врати на првото место со 105,7 милијарди долари, пишува „Форбс“.
Безос стана најбогат човек на светот во 2018 година, кога имаше 160 милијарди долари. Тој тогаш го симна Гејтс од првото место по 24 години. Безос на списокот на „Форбс“ за 400 најбогати Американци првпат се појави во 1998 година со богатство од 1,6 милијарди американски долари. Но, падот на акциите на „Амазон“ не е единствената причина зошто Безос веќе не е најбогат. Четвртона од богатството милијардерот изгуби во разводот со поранешната сопруга Мекензи. Откако го доби неговото богатство во јули, Мекензи доби 32,7 милијарди долари и се најде меѓу 20. најбогати луѓе на светот.
Бил Гејтс, пак, се најде на списокот „Форбс“ во 1987 година како прв милијардер дотогаш. Во тоа време имаше 1,25 милијарди долари.
Текстот Џеф Безос веќе не е најбогатиот човек на светот е превземен од Reporter.mk.