Холивудскиот актер Џеф Бриџис следниот месец ќе добие „Сесил Б Демил“, награда која ја доделува „Златен глобус“.
Здружението на странски дописници од Холивуд најави дека оваа награда Бриџис ќе ја добие на 6 јануари следната година, кога ќе се одржи 76 церемонија на „Златен глобус“.
Бриџис е познат по улогите „Лудо срце“, „Голем Лебовски“, „Човекот наречен храброст“ и „По цена на животот“.
Претставничка на HFPA Мехер Татна во соопштението упатено до јавноста, навела дека 69. годишниот актер имал извонредна кариера и филантропски напори.
Наградите „Демил“ се доделуваат на поединци кои имаат неверојатно влијание во светот на забавата.
Татна изјавила дека Бриџис ги освоил срцата и умовите на публиката ширум светот. Меѓу досегашните добитници се и Опра Винфри, Морган Фримен, Мерил Стрип, Џуди Фостар, Барбара Стрејсенд, Сидни Поатје Лусил Бел.
Текстот Џеф Бриџис ќе биде награден со „Сесил Б Демил“ е превземен од Reporter.mk.