Џенифер Лопез беше специјална гостинка во шоуто на Елен Деџенерис. Во емисијата успешната актерка и пејачка зборуваше за одржувањето на своето тело во топ-форма и за можноста да се омажи со Алекс Родригез.
„Вежбам цело време. Дури и пред да станам танчарка, кога бев мала бев атлетичарка. Па продолжив цел живот со тоа темпо“ – рече таа.
На прашањето за годините, таа вели:„Се обидувам да не мислам на годините. Тргнувам повеќе од тоа како се чувствувам внатрешно и се чувствувам многу млада и енергична. Чувствувам дека сè уште имам многу енергија. Можеби еден ден тоа ќе се промени, но сега се чувствувам многу добро“ – изјави Лопез, а Елен непрекинато ѝ делеше комплименти за нејзиниот изглед.
Разговорот на Елен и Џенифер потоа премина на темата свадба со Алекс. На прашањето дали ќе се венчаат со Алекс, Лопез одговори: „Не знам“ и додаде дека се многу среќни заедно.
Текстот Џеј Ло во шоуто на Елен, за стравот од годините и бракот со Алекс е превземен од Reporter.mk.