Раперот Џеј Зи е најплатен хип-хоп музичар во 2018 година спотред листата на „Форбс“. Тој во изминатите 12 месеци заработил 76,5 милиони американски долари. Со ова тој го помина раперот и продуцент Шон Комбс познат како Пи Диди, кој три години по ред беше прв на листата.
Џеј Зи во втората половина на 2017 година го промовира својот последен албум „4.44“, а оваа година настапуваше со својата сопруга Бијонсе на заедничката турнеја „Он д ран 2“. Двојката во јуни го објави албумот „Евритинг ис лав“.
Паф Деди заработил 64 милиони долари, Кендрик Ламар е трет на листата со годишна заработка од 58 милиони долари. Зад него се наоѓа Дрејк со заработка од 47 милиони долари.
Текстот Џеј Зи најплатен хип-хоп музичар во светот е превземен од Reporter.mk.