Џејми Оливер со ново шоу ќе ве забавува додека сте во карантин

Светскиот готвач Џејми Оливер најави ново шоу кое ќе се емитува специјално за време додека луѓето се наоѓаат во карантин поради коронавирусот. Новото шоу ќе се вика „Продолжете да готвите и да се грижите“ и ќе готви со најосновните намирници.

На овој начин Оливер вели дека сака да им помогне на луѓето полесно да ги поминат деновите во изолација. Сака да ги научи како да зготват хранливо и квалитетно јадење со основните намирници кои ги купуваат во огромни количини од продавниците.

 

 

Текстот Џејми Оливер со ново шоу ќе ве забавува додека сте во карантин е превземен од Reporter.mk.