Тајниот агент Џејмс Бонд пристигна во Лондон. Објавени се новите фотографии со главната ѕвезда Даниел Крег во костум, по снимањата во Норвешка и на Јамајка. Крег е заздравен од операцијата на глуждот, а во 25. филм од серијалот за 007 глумат уште и Рами Малек, Леа Сејду, ралф Фајнс и Наоми Харис.
51-годишниот актер снимал сцена на Јамајка, кога се лизнал и паднал, соопшти претходно „Контактмјузик“.
Даниел Крег не за првпат добива повреда за време на снимање на филм од серијалот Џејмс Бонд. Актерот, кој тренира напорно за улогата и сака сам да ги извршува акробациите, загуби два заба, додека го снимаше „Казино Ројал“ во 2006 година. За време на снимањето на „Трошка утеха“ во 2008 година актерот скина мускул на рамото, ги повреди ребрата и го исече прстот. Во 2015 година се наметна снимките за филмот „Спектар“ да бидат прекинати за две недели за да може Крег да се подложи на операција.
Засега неименуваниот 25. филм за тајниот агент 007 треба да биде прикажан во април 2020 година
Текстот Џејмс Бонд пристигна во Лондон е превземен од Reporter.mk.