Џејн Фонда жали за направените пластични операции

Актерката Џејн Фонда (80) која и во осмата деценија од животот изгледа одлично и активно вежба, вели дека жали за направените пластични операции кои и го промениле нејзиниот физички изглед.

Фонда во моментов го промовира својот нов документарец Џејн Фонда во пет чинови, а за својот изглед проговори на една од промоциите во Њујорк.

Од една страна, мразам што морав да го променанм својот физички изглед за да се чувствувам добро. Но, нема да лажам. Бев уморна од тоа да изгледам уморно дури и кога не сум“, признала актерката, која не крие дека изгледа добро за свои години, но не крие и дека тоа е благодарение на естетската хирургија.

„Сакам стари лица. Сакам лица на кои се гледа дека проживеале нешто“, изјавила Фонда.

 

 

Текстот Џејн Фонда жали за направените пластични операции е превземен од Reporter.mk.