Една од најголемите холивудски ѕвезди Џек Николсон, покрај одличните улоги, во текот на својот живот го одбележаа и многу семејни драми. Една од нив е семејното потекло на актерот, кој подоцна во својот живот открил дека неговата сестра, всушност му била мајка.
Скандалозната семејна приказна ја открил магазинот „Тајмс“, кој објавил текст со семејното стебло на актерот. Кога Николсон дознал која му е мајка, баба му и дедо му, веќе биле мртви, па не можеел да ги соочи со лагата.
Сопругата на Никлсон, Ањелика Хустон била една од омилените теми на таблоидите. Од мали нозе Николсон бил опкружен со забавувачи и забавувачки. Неговата мајка била танчерка во ноќен клуб, а се омажила за италијански танчер. Таткото на Никлсон подоцна се испоставило дека веќе бил оженет.
Актерот својот татко никогаш го немал запознаено. Неговата мајка во моментите кога го родила, имала само 17 години, па нејзините родители одлучиле да ја претворат во негова сестра и да го одгледаат како нивен син. Неговата мајка цело време глумела дека тој е нејзиниот помлад брат.
Целиот живот на Николсон му се превртил наопаку, кога ја открил вистината. Актерот изјавил дека целата работа не делувала за него трауматизирачки, затоа што бил доста психички стабилен во тој период од животот, па ударот од вистината добро го поднел.
Николсон поучен од сопствената семејна приказна, на своите деца им овозможил сè што можел и секогаш бил со нив. Признава дека му било жал што старата ќерка не ја гледал доволно долго, затоа што во тие моменти ја градел кариерата. Но, со сите останати деца тој го минувал секој слободен момент.
Текстот Џек Николсон живеел во лага, за мајка му му велеле дека му е сестра е превземен од Reporter.mk.