Предимензиониран џемпер или блузон е едно од парчињата што ќе ја обележат оваа сезона.
Актуелни се и во уличната мода, исто колку што ги гледаме и во едиторијалите по модните магазини, во излозите, како и како дел од дневниот, неформален стајлинг на познатите.
Една комбинација во која се особено популарни е онаа со чизмите над колена.
Џенифер Лопез, Рита Ора, Бела Хадид се само дел од ѕвездите што оваа сезона често може да ги видиме во шик, широк џемпер комбиниран со високи чизми, рамни или на висока потпетица.
Оваа есен, искомбинирајете го овој стил.
Текстот Џемпер и високи чизми – шик за оваа есен е превземен од Reporter.mk.