Откако глумицата Џена Деван пред неколку месеци се раздели од Ченинг Тејтум, почна врска со уште еден глумец, Стив Кејси. Папараците ги сликаа Џена и Стив како се бакнуваат во мексикански ресторан во Палм Спрингс и цело време се држат за раце. Според близок пријател на Џена, таа и Стив се во врска еден месец.
„Џена се зближи со Стив по распадот на нејзиниот брак со Чанинг. Се надева дека ова е реално, но стои цврсто на земјата“, рекол пријателот на актерката за медиумите.
И Ченинг од неодамна е во врска. Тој неколку месеци се гледа со британската пејачка Џеси Џеј. Тој ја запознал ќерката Еверли со Џеси и ја одвел на нејзин концерт на Ноќта на вештерките.
Текстот Џена Деван има нов дечко е превземен од Reporter.mk.