Актерите Џенифер Анистон и Џастин Теро, кои се разведоа лани во март, се сретнаа првпат по повеќе од една година за да ги поминат заедно последните моменти од животот на нивното куче, германскиот овчар Доли. Џенифер германскиот овчар го вдомила во 2006 година, а името ѝ го дала по кантри пејачката Доли Партон. Џастин на „Инстаграм“ сподели неколку слики на кои кучето е опкружено со свеќи, а тие двајца се држат за рацете.
„Нашиот најсакан член од семејството, Доли, почина по херојска борба, опкружена со најмилите“, напиша Теро.
Обожавателите им порачале дека е тажно што кучето починало, ама и убаво што се еден покрај друг кога им е тешко. Според американските медиуми, Џенифер и Џастин воопшто не комуницирале, ниту се гледале по разводот. Тие беа во брак две години.
Текстот Џенифер Анистон и Џастин Теро се сретнаа првпат по разводот заради смртта на нивното куче е превземен од Reporter.mk.