Џенифер Анистон: Не сум оштетена стока

Актерката Џенифер Анистон во своето неодамнешно интервју за медиумите се осврна на шпекулациите што со години кружат за неа. 49-годишната холивудска актерка даде искрено интервју за списанието InStyle.

Таа зборувала за современите жени и дека не е в ред да ја притискаат да стане мајка. Вели дека не е оштетена стока и покрај приказните дека останала сама по два брака и дека е со скршено срце.

Откако ја прифатила улогата на Рејчел Грин во една од најпопуларните серии на сите времиња „Пријатели“, медиумите и јавноста постојано биле заинтересирани за нејзиниот живот, кој бил прилично турбулентен.

Иако синооката актерка никогаш не била склона кон скандали, таа имала интересен љубовен живот, кој почнал со врската со нејзиниот колега Бред Пит. Се запознале во 1998 година, а две години подоцна се венчале во Малибу. Се работело за една од омилените холивудски двојки на сите времиња. Во 2005 година на нивната врска ѝ пресуди Анџелина Џоли.

Бред и Анџелина се запознале на филмот „Господин и госпоѓа Смит“. Меѓу нив пламнала љубов наводно додека Бред сè уште бил во брак. Анџелина тврди дека Бред прво се развел од Џенифер, но малкумина веруваат во таа приказна. Двојката мина заедно 12 години. Имаат шест деца од кои три се биолошки. Се разведоа во 2016 година, наводно поради проблемите на Бред со алкохолот и психичкото малтретирање врз Анџелина и децата.

Џенифер во меѓувреме имала неколку врски, до мај 2011 година, кога го запознала актерот и режисер Џастин Теру, со кого се венча во 2015 година во вила на Бел Ер. Во февруари 2018 година двојката со заедничка изјава потврди дека се разведува по 7 заеднички години.

Во јавноста за нив се зборувало сè и сешто. Од тоа дека Анистон не сака деца, дека ѝ здодеале неговите бројни пријателки, Џастин ја изневерувал, Џенифер и Бред повторно се заедно итд.

Актерката сè до споменатото интервју не сакала да ги коментира натписите во медиумите.

Таа во интервјуто истакна дека ѝ здодеале приказните дека не сака деца, затоа што никогаш не го рекла тоа. Луѓето веројатно тоа го помислиле затоа што никогаш не ја виделе во улога на жена која е бремена.

„Тоа е лудо. Џен не може да задржи еден маж, Џен одбива да има дете затоа што е посветена на кариерата и е себична. Или, пак, се зборуваше дека сум кутра и со скршено срце. Со должна почит, срцето не ми е скршено“, вели Анистон, реферирајќи за разводот од својот втор брак.

Talk about her all you like, but with great friends, new projects, and still-perfect hair, September cover star Jennifer Aniston is doing just fine. And at 49, she knows who she is. That means no boundaries, no bullshit, and lots of laughing. “For the most part I can sit back and laugh at the ridiculous headlines because they have gotten more and more absurd,” she tells her close friend @MMcNearney, who interviewed her for her refreshingly candid cover story. “I guess they’re feeding into some sort of need the public has, but I focus on my work, my friends, my animals, and how we can make the world a better place. That other stuff is junk food that needs to go back in its drawer.” Read the full interview at the link in bio. | Photographed by @BenHassett; Styled by @JuliaVonBoehm

A post shared by instylemagazine (@instylemagazine) on

„Кога ќе прекине  врската на некоја двојка од Холивуд секогаш се мисли дека жената е со скршено срце. Таа е неуспех. Кога сте прочитале нешто вакво за некој маж?“, праша актерката, која до ден денес работи со полна пареа. Џенифер изгледа подобро од кога било претходно, што го потврдуваат фотографиите од интервјуто.

Jennifer Aniston has dealt with the tabloids for her entire career, but lately it seems relentless. “The misconceptions are ‘Jen can’t keep a man,’ and ‘Jen refuses to have a baby because she’s selfish and committed to her career.’ Or that I’m sad and heartbroken,” she tells dear friend @MMcNearney in our September cover story. “First, with all due respect, I’m not heartbroken. And second, those are reckless assumptions. No one knows what’s going on behind closed doors. No one considers how sensitive that might be for my partner and me. They don’t know what I’ve been through medically or emotionally. There is a pressure on women to be mothers, and if they’re not, then they’re deemed damaged goods. Maybe my purpose on this planet isn’t to procreate. Maybe I have other things I’m supposed to do.” | Photographed by @BenHassett; Styled by @JuliaVonBoehm

A post shared by instylemagazine (@instylemagazine) on

„Второ, тоа се непромислени претпоставки. Никој не знае што се случува зад затворени врати. Никој не води сметка за тоа колку е тоа чувствителна тема за мене и за мојот партнер. Никој не знае што минавме ние медицински и емоционално“, искрено призна Џенифер за тоа како влијаеле споредбите со Анџелина, која има шест деца.

„Има толку голем притисок кон современите жени дека мораат да бидат мајки. Тие кои не се ги сметаат за оштетена стока. Можеби мојата цел на оваа планета не е да забременам. Можеби постојат други работи што треба да ги направам“, вели Џенифер Анистон.

 

Текстот Џенифер Анистон: Не сум оштетена стока е превземен од Reporter.mk.