Актерката Џенифер Анистон за прв пат во својот живот отвори „Инстаграм“ профил, нешто кое што во минатото зборуваше дека никогаш нема да го направи. Нејзината прва објава за која доби милиони лајкови и пофални коментари беше фотографија од слефи, направено со старата екипа од хумористичната серија „Пријатели“.
Анистон долго време се мислела дали да отвори профил на социјалните мрежи, за на крајот се приклучи на милионите корисници на „Инстаграм“.
„Сега сме и инстаграм пријатели“, напишала Анистон под објавената фотографија со своите колеги.
Анистон ги врати спомените на милиони фанови од смешните моменти на снимањата со нејзините пријатели и колеги Дејвид Швимер, Метју Пери, Мет Ле Блан, Кортни Кокс и Лиса Кудров.
Анистон доби пофални коментари за селфито и од некои селебрити лица како што е нејзиниот поранешен партнер Џастин Терокс и од нејзината колешка Рис Витерспун. Тие и посакаа добредојде во коментарите.
Неодамна заедничка фотографија објави и нејзината колешка Кортни Кокс, па многумина ова го протолкуваа како знак дека можеби повторно ќе се собере старата екипа и повторно ќе се почне со снимање на серијата „Пријатели“.
Текстот Џенифер Анистон отвори „Инстаграм“, прва фотографија е селфи со старата екипа од „Пријатели“ е превземен од Reporter.mk.