Магазинот „Пипл“ ја избра глумицата Џенифер Гарнер за најубава жена на светот. Таа се најде на насловната страница на специланото годишно издание на магазинот, насловено The Beautiful Issue. 47-годишната Џенифер е поранешна жена на Бен Афлек и мајка на три деца, коосновач на компанија за бебешка храна и амбасадор на организацијата „Спасете ги децата“. Таа во интервју за магазинот зборува за мајчинството, пропаднатиот брак и за својата работа.
„Кога и да се вратам дома од некое снимање или од некој настан, децата знаат да ми кажат: ‘Можеш ли да ја измиеш шминката, да ја фатиш косата во опавче и да ги ставиш очилата?‘ Тоа го сфаќам како голем комплимент, бидејќи тие само сакаат јас да изгледам како мама“, рекла глумицата.
Џенифер открила и дека оваа титула ја изненадила, оти никогаш себеси не се доживувала како убавица.
„Никогаш не сум се гледала како атрактивна девојка. Но, секогаш сум била задоволна со себеси, од тоа како изгледам“, додала Гарнер.
Текстот Џенифер Гарнер е најубава жена на светот според „Пипл“ е превземен од Reporter.mk.