Бакнежот на Џенифер Анистон и Елен Деџенерис среде емисија, беше во фокусот на јавноста изминатиов период. “Имаш многу меки усни“, изјави Џенифер.
Тие две се долгогодишни пријателки, ама најдоа начин да направат изнадувња. Елен Деџенерис ја угости својата пријателка Џенифер Анистон во својата емисија. Разговарале за различни теми, а една од нив била и бакнувањето.
Елен пред две недели пред камерите го бакна медиумскиот могул Хауард Стерн, а Анистон во емисијата ја испитуваше за деталите.
„Како ти беше? Уживаше? Беше нервозна? Не сметајќи го Хауард, кога последен пат си бакнала маж?“, ја испитувала Џенифер.
„Па, беше фино. А и зошто се сите толку шокирани? Да, се бакнувам и со мажи! Кога ти последен пат си бакнала девојка во уста?“, ја прашала Елен, а Џенифер ѝ одговрила дека таа не го прави тоа.
Сепак, следеше момент кој сите ги збуни: Елен ја бакна Џенифер!
Бакнежот на долгогодишните пријателки веднаш стана хит на социјалните мрежи.
Текстот Џенифер и Елен-бакнеж за кој се зборува е превземен од Reporter.mk.