Џенифер Лопез горда на своето тело

На пејачката Џенифер Лопез не ѝ сметаат коментарите од типот дека била ниска и дебела, и дека комбинацијата со сивото палто со која стигнала во прочуеното шоу на Џими Кимел правеле да изгледа неубаво.

„Морам да признаам дека мене лично моите облини никогаш не ми сметале, а добив голем број на критики од луѓето од шоубизнисот. Ми гоореа дека морам да ослабам и да симнам неколку килограми. Ми требаше многу самопочит и зрелост за да дојдам до точка во која можам да си кажам дека ова сум јас и дека тоа е обликот на моето тело. Сите жени со кои досега сум пораснала изгледале расни и крупни и сите за мене беа убави“, вели Лопез.

Пејачката во шоуто се појавила во сиво одело со кратки ногавици за кои модните критичари велат дека ја правеле ниска и дебела. Лопез сè правдала дека висината успеала да ја надомести со убавите високи црвени штикли, а сивилото го разбила со боди маица во бела боја.

Стајлингот Лопез го комплетирала со сончевите очила и високо подигнатиот реп на косата.

Критичарите велат дека ова е нетипичен избор на пејачката и дека таа требало да продолжи во изборот на облека како и досега со која ги истакнувала облините на нејзиното тело. Модните магазини пишуваат дека Лопез тешко се одлучува за изданија кои не се типично женствени и дека тоа е нешто кое треба почесто да го прави.

Таа одлично изгледа во спортски комбинации, уште подобро изгледа во елегантните модни парчиња на црвениот тепих, знае одлично да избере модни парчиња кога станува збора за уличниот стил, а исто така изгледа сензационално и на нејзините настапи.

Лопез модните критичари велат дека понекогаш знае да изненади и шокира со својот избор, но исто така ваквите нејзини потези ја демонстрираат нејзината стилска одважност.

Jennifer Lopez is seen at ‘Jimmy Kimmel Live’ in Los Angeles, California.
NON-EXCLUSIVE February 13, 2019.
13 Feb 2019, Image: 413773256, License: Rights-managed, Restrictions: World Rights, Model Release: no, Credit line: Profimedia, Mega Agency

Jennifer Lopez is seen at ‘Jimmy Kimmel Live’ in Los Angeles, California.
NON-EXCLUSIVE February 13, 2019.
13 Feb 2019, Image: 413773257, License: Rights-managed, Restrictions: World Rights, Model Release: no, Credit line: Profimedia, Mega Agency

 

 

 

Текстот Џенифер Лопез горда на своето тело е превземен од Reporter.mk.