Џенифер Лопез и Алекс Родригез донираа храна за ученици во школо

Светската пејачка Џенифер Лопез и нејзиниот партнер, поранешната безбол ѕвезда Алекс Родригез донираа храна во едно основно школо во американската држава Тенеси. Пејачката дознала преку социјалните мрежи за гладните деца во школото и заедно со нејзиниот партнер преку нивната компанија Tiller & Hatch, донираа храна доволна за една година.

Учителкате Брук Гоинс прва ја објавила сторијата за недостатокот на храна и неухранетост на учениците. Брукс ја споделила приказната за својот ученик, објаснувајќи дека се расплакала кога слушнала за еден од учениците кој останал гладен, затоа што неговите родители немаат доволно средства.

ја објавила неговата приказна на „Фејсбук“, објаснувајќи дека детето често останувало гладно за време на часовите.

„Денес плачев на работа. Не затоа што ја мразам мојата работа или затоа што е тешка. Денес плачев затоа што еден од учениците раскажа дека неговото семејство нема доволно храна. Ме праша кога ќе дојде жената која ја носи храната и неговиот ручек. Ми кажа дека дома немаат доволно храна и дека му е потребно уште. Ниту едно дете не треба да остане гладно“, напишала Брук на социјалните мрежи.

Одговорните во школото отворија фонт кој треба да им помогне на другите ученици кои се во слична ситуација. Кога Лопез дознала за напорите на учителката, сватила дека треба да направи нешто.

„Дознавме дека учителите им помагаат на учениците да однесат храна дома. Станува збор за деца, чии родители живеат во тешки услови. Кога ја видовме приказната заплакавме. Ниту едно дете не треба да остане гладно“, напишала Лопез на „Инстаграм“.

Текстот Џенифер Лопез и Алекс Родригез донираа храна за ученици во школо е превземен од Reporter.mk.