Џенифер Лопез и Алекс Родригез сакаат да ги купат Њујорк Метс

Пејачката и глумица Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник, Алекс Родригез, сакаат да го купат безбол клубот „Њујорк Метс“. Според „Варајати“, тие пробуваат да соберат доволно капитал за да го купат мнозинскиот дел од клубот. Затоа преговараат со една американска банка за да земат голем кредит.

„Метс“ во моментов е во сопственост на семејството Вилпон. Тие уште во декември лани најавија дека продаваат 80% од клубот за 2,6 милијарди долари. Лопез и Родригез заедно, наводно, имаат само 70 милиони долари.

Веста дека Џенифер и Алекс сакаат да го купат „Метс“ за многумина е изненадување, бидејќи Алекс е поранешен играч на „Њујорк Јенкис“.  Тој 10 години играше за популарниот клуб, а Џенифер е од Бронкс, домот на „Јенкис“.

Текстот Џенифер Лопез и Алекс Родригез сакаат да ги купат Њујорк Метс е превземен од Reporter.mk.