Џенифер Лопез му е лута на својот вереник Алекс Родригаз кој пред три недели ја запроси на Бахамите. Само еден ден откако Родригез ја запроси, неговиот колега, Хосе Канеско, на Твитер објави дека дека Алекс се уште спие со неговата поранешна сопруга, Џесика Канеско.
Џенифер која повторно е актуелна на музичката сцена, овој пат со последниот сингл “Medicine “ за американските медиуми изјави дека венчавката со Алекс ќе почека.
“ Целиот распоред за годинава ми е попополнет со настапи и турнеи. Нема шанса оваа година да се случи венчавката. За следната години ќе планираме – вели Џеј Ло која не сакаше да признае дека други се причините за одлагање на венчавката со Алекс Родригез.
Инаку, пејачката, која во јули оваа година треба да наполни 50 години, во дел од сцените на видеото за новата песна, ја предвидува иднината, ги покажува своите познати облини, а воедно и танцува на шипка, покажувајќи дека совршено ги совладала подготовките за нејзината последна филмска улога.
Текстот Џенифер Лопез ја одложи венчавката со Алекс Родригаз е превземен од Reporter.mk.