Во интервју за магазинот „Пипл“, Џенифер Лопез откри дека сака повторно да стане мајка. 50-годишна глумица и пејачка вели дека сака дете со својот свршеник Алекс Родригез.
„Сакам уште едно дете. Двајцата со Алекс го сакаме тоа! Не знам дали Бог го има тоа во план, желба ми е и би сакала да се обидам повторно да станам мајка“, рекла Џенифер во интервјуто.
Таа веќе ги има близнаците Ема и Макс, кои ги роди во бракот со Марк Антони. И Родригез има две деца од претходниот брак. Според Лопез, сите нивни деца се согласуваат одлично и неколкупати им рекле дека би сакале да имаат брат или сестра.
Текстот Џенифер Лопез сака уште едно дете е превземен од Reporter.mk.