Светската поп-пејачка Џенифер Лопез откри дека наскоро ќе снима нов филм во кој ќе глуми стриптизета. Џеј Ло вели дека дејството на филмот ќе се случува во Њујорк, каде ќе биде следена група на стриптизерки кои ќе се обидат да изградат кариера на Вол Стрит.
Во филмот ќе глуми и познатата раперка Карди Би, која интересно пред да ја започне својата музичка кариера, работела како стриптизерка.
„Луѓето често ме прашуваат зошто се занимавав со стриптиз. Не знам како да им кажам дека тоа го работев бидејќи ми требаа пари за да излезам од токсичната љубовна врска“, изјави раперката во една прилика.
Џенифер Лопез и Карди велат дека се добри пријателки и во приватниот живот. Велат дека двете одлично се разбираат и со нетрпение чекаат да почнат да снимаат.
Текстот Џенифер Лопез во новиот филм ќе глуми стриптизета е превземен од Reporter.mk.