Џенифер Лопез за 20 минути заработи 20 милиони долари

Џенифер Лопез за 20 минути заработи 20 милиони долари за време на отворањето на шопинг-центар во Катар. Организаторите на овој настан не штеделе пари, па на пејачката ѝ искеширале два милиони долари само за да се појави.

Џеј Ло во трговскиот ценар минала само дваесет минути, каде што зборувала за правата на жените, а потоа се фотографирала со фановите. Покрај оваа огромна сума пари, Лопез добила и милион долари за патни трошоци, затоа што во Катар стигнала со приватен авион и отседнала во луксузен хотел.

Како што пишуваат светските медиуми, актерката ќе заработи уште неколку милиони долари, затоа што ја чекаат бројни случувања на кои е доволно само да се појави.

Покрај сите обврски, Џенифер ја чека и премиерата на филмот Second Act, закажана за 21 декември. Во филмот ќе го толкува ликот на жена со лоша платена работа на која ѝ се укажува можност да има кариера каква што ќе посака. Покрај Џеј Ло, во комедијата глуми и Венеса Худгенс (29) позната по улогата во филмот High School Musical.

 

Текстот Џенифер Лопез за 20 минути заработи 20 милиони долари е превземен од Reporter.mk.