Светската пејачка Џенифер Лопез за една минута снимање реклама, заработува по милион долари, пренесуваат светските медиуми. Таа покрај концертите, одлично заработува и од снимањето реклами. Модните брендови плаќаат и од 200.000 до 500.000 долари, за да им ги рекламира нивните скапи брендови.
Пејачката веќе подолг период има направено бренд од своето име. Освен од свирки, таа одлично заработува од своето тело. Лопез го има осигурано секој дел. За промоција на производи за нега на косата досега наплатила и до 2,9 милиони долари.
Се проценува дека вредноста на телото на Лоепз денес изнесува 360 милиони долари. Само задникот пејачката го има осигурано на 27 милиони долари. Покрај чевлите кои таа самата ги дизајнира, Лопез дава совети на жените, како да ги негуваат стапалата.
Текстот Џенифер Лопез за една минута снимање реклама заработува милион долари е превземен од Reporter.mk.