Откако непосредно пред годинешното доделување на Оскарите, Лејди Гага ја прекинала свршувачката со Кристијан Карин (50), јавноста почна да манипулира со голема љубов помеѓу неа и Бредли Купер (44) која од филмското платно се преселила во стварниот живот.
„Прво сакам да кажам дека социјалните мрежи се WC на интернет. Го видовте она што ние сакавме да го видите. Тоа е љубовна песна. Тоа е љубовна приказна и ние напорно работевме на неа“, демантирала Гага недолго подоцна во ток шоу на Џими кимел (51).
Сепак пејачката и глумица се’ поинтензивно ја врзуваат со друг актерски колега, Џереми Рајнер (48).
„Рајнер и Лејди Гага минуваат многу време заедно, а глумецот е голем вљубеник во музиката, што дополнително ги поврзува“, раскажал извор за People.Освен со Џереми, Гага времето го минувала и со неговата шестгодишна ќерка, Ава.
Наводно, Лејди Гага сеуште не им рекла на пријателите дека таа и Џереми се пар, туку дека засега се само добри пријатели, додал изворот.
Текстот Џереми Рајнер е нова љубов на Лејди Гага е превземен од Reporter.mk.