Холивудската актерка Џесика Алба била киднапирана и пронајдена во багажник кога имала 15 години. Таа во едно скорешно интерву раскажала дека кога во 1996 година ја снимала серијата „Флипер“, почнала да добива чудни телефонски повици. Еден ден во текот на снимањето таа исчезнала и 14 часа никој не знаел каде е. Подоцна била пронајдена врзана во багажник, со превез на очите и селотејп на устата.
„Никогаш порано не сум кажала што ми се случуваше, ама тоа беше најлошиот и најстрашниот период во мојот живот“, рекла Алба.
Таа во интервјуто додала дека кога била дете, имала здравствени проблеми, а страдала и од опсесивно-компулсивно нарушување. Била осамена и се чувствуала отфрлена од црквата кон која припаѓало нејзиното семејство.
„Поостарите мажи ме прекоруваа, а пасторот ми велеше дека тоа е затоа што се облекувам провокативно. Тоа беше лага, но се чувствував виновно и се срамев од своето тело“, додала таа.
Текстот Џесика Алба била киднапирана е превземен од Reporter.mk.