Џесика Алба по десетгодишна пауза повторно се врати на филмското платно, овој пат глумејќи како детективка во серијата LA’s Finest. За време на гостувањето во шоуто на Џими Фалон, The Tonight Show Starring Jimmy Fallon, Џесика откри дека и недостига глумата.
„Престанав да глумам пред повеќе од 10 години, откако ја родив првата ќерка. Но, во еден момент дојдов до точка кога сватив дека ми недостига глумата“, изјавила Алба.
Во нејзината нова серија се раскажува за две полициски детективки кои ги апсат најголемите злосторници во Лос Анџелес. Инаку, Алба се прослави во улогата на супер-војничка Max во „Анѓел на темниката“, а некои од најпознатите филмови во кои глумела се „Син Сити“ и „Фантастична четворка“.
Текстот Џесика Алба глуми детектив, по 10 години актерката повторно на ТВ екраните е превземен од Reporter.mk.