Холивудската глумица Џесика Честејн стана мајка со помош на сурогат-мајка. Таа и нејзиниот сопруг Џијан Лука де Пропосуло криеја дека нашле жена што ќе го роди нивното прво дете. Откако британските медиуми ги фотографираа со бенето, Џесика и Џијан потврдија дека имаат ќерка која се вика Џулиета Паси Честејн.
Двојката својот приватен живот го чува во тајност. Тие се венчаа лани во Тревизо, Италија, на мала церемонија со неколку најблиски членови на семејството и пријатели.
Текстот Џесика Честејн доби ќерка од сурогат-мајка е превземен од Reporter.mk.