Џесика Симпсон била сексуално злоставувана како дете

Глуицата и пејачка Џесика Симпсон во својата автобиографија Open Book откри детали од нејзиното детство. Таа напиша дека на шест годишна возраст била сексуално злоставувана од страна на такото на нејзина пријателка. Таа вели дека подоцна паднала во депресија, а имала проблеми и со алкохолот и земала големи количини таблети.

„Се убивав во алкохлот и таблетите. Ми беше тешко да се одвикнам. Бев бесна, а апчињата ми помогнаа во намалување на болката. Сакав да им кажам на родителите, бев жртва, но чувствував вина и кај себе“, вели таа.

Најтешкиот дел таа вели дека и била терапијата. Како минувало времето, таа сè повеќе работела на себе си. Но, тоа повторно предизвикало да ги чувствува сите трауми кој одамна го потиснала во себе.

Таа во автобиографијата напишала дека никогаш не им открила на нејзините родители за траумите кои ги доживеала.

„Тие не знаеја, но чувствуваа дека нешто не е во ред. Никогаш повеќе не отидовме да се видиме со таткото на мојата пријателка“, открила Симпсон.

 

 

 

Текстот Џесика Симпсон била сексуално злоставувана како дете е превземен од Reporter.mk.