Триесет и осумгодишната актерка и пејачка Џесика Симпсон објави на социјалните мрежи дека конечно е пуштена на домашно лекување откако во рок од два месеци беше четири пати хоспитализирана. Пејачката беше примена во болница поради кашлањето за време на бременоста.
„По недела дена поминати во болница, четврти пат за само два месеци, конечно сум пуштена на домашно лекување. Кашлањето во време на бременоста е едно болно искуство, но важно е дека сега се чувствувам подобро“, изјавила Џесика.
Симпсон во моменто е бремена со третото дете. Наскоро пејачката ќе добие девојче кое ќе го добие името Бирди. Фановите покрај нејзиното здравје во своите коментари пишуваа дека се загрижени и за здравјето на детето, но ѕвездата ги убедила дека со нив двајцата сè е во ред.
„Сега сум добро и ги одбројувам деновите до породувањето. Едвај чекам да се видам со својот мал анѓел“, изјавила Симпсон.
Ѕвездата потоа им посакала среќа и поддршка на сите млади мајки кои се соочуваат со разни проблеми за време на бременоста и напишала дека сочувствува со нив и нивната евентуална болка и притисок.
Ова не е прв пат Симпсон отворено да зборува за своите проблеми,. Претходно таа имаше проблем со болки во грбот, отечените зглобови и утринските мачнини.
View this post on Instagram
Severe pregnancy acid reflux has led to the purchase of my very own sleep recliner 🤣🤗
Текстот Џесика Симпсон со проблеми во бременоста е превземен од Reporter.mk.