Џи-Пи и Стефонатор продадоа 10.000 книги, велат не се изненадени

Македонските јутјубери Марко Марковиќ Џи-Пи и Стефан Рашкови – Стефонатор, кои пред неколку месеци ја промовираа заедничката книга „Нашиот пат“, се пофалија дека веќе продале 10.000 примероци од книгата. Тие направија интересна фотосесија за да го прослават успехот и преку „Инстаграм“ порачаа дека не планираат да запрат сега.

„Реченицата која треба во моментов да ја напишам е: Продадени рекордни 10 илјади примероци за неполни четири месеци! Почнавме со Марко со 10 илјади прашања, меѓу кои дали воопшто треба ние да имаме книг. Вложивме многу љубов и знаење, започнавме без никакви очекувања. Бевме во шок кога слушнавме дека на промоцијата на 26-ти јануари се продаде тиражот за саат и пол. Сега не сме во шок дека се 10 илјади примероци затоа што постепено знаевме дека се ближи. Заедно продолжуваме само појако. Нема запирање“, напиша Стефонатор.

Неодамна во интервју за „Репортер“ двајцата јутјубери рекоа дека книгата ги надминала нивните очекувања и постојано се печатат нови тиражи, па затоа не ги изненадила бројката од 10.000 книги.

„Не очекувавме дека до тука ќе ја дотуркаме работата и сега веќе кога сме толку популарни учиме како да се носиме со популарноста“, рекоа тие во интервјуто.

Џи-Пи и Стефонатор: Не земаме по 500 евра за роденден

Текстот Џи-Пи и Стефонатор продадоа 10.000 книги, велат не се изненадени е превземен од Reporter.mk.