Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, во друштво со своите блиски соработници вчера беше на концертот на Џибони. Друштво му правеше градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, па заедно се забавуваа на музиката на хрватската ѕвезда, но и на настапот на Влатко Стефановски. Џибони, освен што кажа дека е среќен што пее во „градот во кој има добри луѓе, добра храна, музика и вино“, некаде пред крајот на својот концерт, додека пееше заедно со публиката, рече: „Имате убав град, чувајте го“.
Фото: Д.Перковски
Текстот Џибони го потсети Шилегов дека Скопје е убав град е превземен од Reporter.mk.