Џиџи Хадид, една од најпопуларните манекенки на денешницата, неодамна откри дека има заболување на штитните жлезди и дека тоа многу ѝ го отежнува нормалниот начин на живот. Манекенката, која е често критикувана дека е преслаба, рекла дека ни таа не сака да е толку многу слаба, ама дека заради болеста мора многу да внимава на исхраната.
„Метаболизмот драстично ми се промени. Боледувам од Хашимото синдром, пореметување што го напаѓа имуносистемот и штитната жлезда. Сите што кои ги интересира зошто телото толку ми се променило, треба да знаат дека на 17 години кога почнав да работам ревии, болеста се уште не ми беше откриена. Можеби за вас сум преслаба, ниту јас не сакам да бидам толку слаба, но вака се чувствувам поздраво. Не сакам веќе да го објаснувам својот изглед“, рекла Хадид.
Текстот Џиџи Хадид е преслаба заради болест на штитните жлезди е превземен од Reporter.mk.