Џим Кери: Го сонувам ѓаволот како трча по Стив Џобс барајќи селфи со него

Актерот Џим Кери изјавил дека не сака да прави селфи фотографии и дека повеќе претпочита да размени неколку зборови со неговите обожаватели. Кери објаснил дека имал и ноќни кошмари од таквите моменти. Дури има и кошмари во кои го сонува ѓаволот како трча по основачот на „Епл“ Стив Џобс барајќи да направи селфи со него.

„Селфињата ми создаваат непријатност. Се откажав одамна од обидите да бидам нешто што не сум. Не чувствувам потреба да му се допаднам на некого“, изјавил Кери.

Кери нагласил дека тоа што не сака да се фотографира со фановите, не го прави непристоен. Само вели дека повеќе сака да разговара со нив отколку да се фотографира.

„Не сум нељубезен кон луѓето со кои повеќе сакам да се поздравам и да разговарам. Селфињата го запираат животот“, вели Кери, објаснувајќи дека луѓето во тие мигови мораат да го искриват лицето, а потоа на социјалните мрежи споделуваат лажно чувство на релевантност.

 

Текстот Џим Кери: Го сонувам ѓаволот како трча по Стив Џобс барајќи селфи со него е превземен од Reporter.mk.