Холивудскиот глумец Џим Кери почна да ги пишува своите мемоари. Според американските медиуми, тој веќе почнал да работи на мемоарите заедно со Дејна Вејкон. Работниот наслов е „Мемоари и дезинформации“, а Кери ги опишува како „бестрашно и полуавтобиографско разголување на личноста“.
Во книгата ќе биде пишува за актерството, Холивуд, агентите, славните личности, пријателствата, самотијата, љубовта, стравот од зближување, растењето во Канада. Џим Кери вели дека „ништо во книгата не е реално и сѐ во книгата е вистина“.
Излегувањето на книгата е планирано за мај 2020 година, а Кери сака да оди на турнеја за да ја промовира.
Текстот Џим Кери пишува мемоари е превземен од Reporter.mk.