Џими Бенет: Молчев за злоставувањето затоа што се плашев

Актерот Џими Бенет (22) за прв пат јавно проговори во јавноста по повод обвинувањата дека бил сексуално злоставуван од колешката Асиа Аргенто (42), во 2013 година, кога имал само 17 години.

„Поради страв и страм во последните неколку се криев од јавноста“, изјави Бенет.

Тој додаде дека неговата траума исплива на површина по година дена кгоа Аргенто го обвини филмскиот продуцент Харви Вајнстин (66) за сексуално злоставување. Актерката раскажа дека Вајнстајн ја нападнал во хотел во 1997 година.

Бенет истакна дека откако се случило злоставувањето и Бенет на разни начини се обидувал да стигне до правдата. Не бил подготвен да се соочи со последиците до кои би дошло, кога неговата приказна би станала јавна.

„Во тоа време верував дека постои стигма кога машкото ќе се најде во таква ситуација. Не мислев дека луѓето ќе разберат. Морав да минам низ бројни потешкотии во животот и ова е уште една со која морам да се занимавам“, напишал Бенет.

A post shared by bennett. (@jimmymbennett) on

Додал дека одбрал да продолжи понатаму, но не можел повеќе да молчи. Аргенто вчера ги негирала обвинувањата за „Њујорк Тајмс“.

„Шокирана сум поради вестите кои се лажни. Немав никаква сексуална врска со Бенет“, изјавила Аргенто.

Наводно Бенет му платила 380.000 долари, за да молчи за тоа.

„Ме поврзуваа со Бенет поради нашето приајтелство во текот на годините. Тоа заврши кога тој имаше сериозни економски проблеми. Поради тоа ги тужеше семејството и бараше милионска оштета. Бараше пари и од мене“, напишала Асиа.

Таа тврди дека Бенет се обидел да изнуди пари од неа откако јавно го обвинила Вајнстин за сексуален напад. Додала дека му исплатила одредена сума за да се ослободи од него. Но, потоа прекинала секаков контакт со него.

Порталот ТMZ дојде до пораки во кои Аргенто зборува со пријатели дека имала секс со Бенет и дека подоцна дознала дека бил малолетник. Исто така објавила една од фотографиите кој младиот актер ги направил, а на неа Џими и Асиа се голи во кревет.

 

Текстот Џими Бенет: Молчев за злоставувањето затоа што се плашев е превземен од Reporter.mk.