„Џокер“ ги собори сите рекорди, има најголема заработка на сите времиња

Трилерот „Џокер“ со Хoакин Феникс во главната улога, приказна за кловн кој се свртува кон живот исполнет со криминал, го собори рекордот и стана филм од категорија Р, кој заработи најмногу во киноблагајните.

Досега тој оствари заработка од 788 милиони американски долари од продажба на билети, а досегашен рекордер беше „Дедпул“ од 2016 година, кој заработи 783 милиони долари.

Иако во јавноста има и критики дека „Џокер“ е филм што го поддржува насилството, тој стана рекордер веќе во првиот викенд од неговото прикажување, односно филм кој за неколку дена го гледаа најголем број гледачи.

0

Текстот „Џокер“ ги собори сите рекорди, има најголема заработка на сите времиња е превземен од Reporter.mk.