Анџелина Џили и Бред Пит и денес доживуваат сериозни проблеми околу старателството над нивните шест деца. Голем број „валкани“ потези испливаа во јавноста, за кои странските медиуми пишуваа на големо.
На пример, Џоли изминатите неколку години планирала да искористи прилично компромитирачка снимка од својот поранешен партнер, додека бил во алкохолизирана состојба. Расправијата која се одвивала во авион, пред да настане снимката, се смета за причината поради која глумицата решила да поднесе барање за развод.
Иако видеото никогаш не беше објавено, неименуван извор вели дека тоа бил клучниот адут со кој Џоли планира да го уништо Бред Пит.
Бред од друга страна, не и остана должен на поранешната сопруга. Тој подоцна, за еден познат таблоид, тврдел дека има снимка од Џоли додека била дрогирана. Неговиот тогашен сојузник, како што понатаму наведува, бил поранешен дилер кој бил подготвен да ги открие сите детали за наводната борба со зависноста на Анџелина Џоли.
Оваа снимка би можела да ја чини Џоли губење на децата, пишуваат светските магазини. Една од последните, но не и последни интригирани потзи, со кои Џоли решила да се послужи во овие четири години, колку што трае битката за децата, е наводното штрајкување со глад, за кое пред некој месец пишуваше познат американски магазин.
Изворот близок до поранешната двојка, откри дека Џоли наводно се изгладнувала поради ситуацијата со Бред Пит, па сите од нејзиното опкружување, биле загрижени за нејзиното здравје.
Текстот Џоли издрогирана, Бред пијан, двојката со ниски удари во битката за децата е превземен од Reporter.mk.