Џоли му поклони гитара на Бранко Ѓуриќ

Босанскиот глумец Бранко Ѓуриќ Ѓуро се пофали дека пред шест години, за 50-от роденден, од Анџелина Џоли добил гитара. Тој за подарокот од холивудската ѕвезда и за нивното пријателство првпат раскажа во едно скорешно интервју.

„За мојот 50-ти роденден, таа ми подари совршена гитара. Таа ја сака музиката. На гитарата напиша посвета: ‘Драг мој Бранко, ја сакам твојата музика, го сакам сето ова’. Морам да признаам дека честопати свирам на гитарата на концертите. А и прстенот што го носам е подарок од Бред“, рекол Бранко во интервјуто.

Глумците се дружат скоро десет години, а се запознале на снимањето на филмот „Во земјата на крвта и медот“, кој раскажуваше за војната во Босна и Херцеговина.

„Анџелина ми рече: ‘Драг Ѓуро, овде Енџи’, и така почнавме да го развиваме нашето пријателство, почнавме да се допишуваме и да соработуваме во врска со сценариото“, раскажал тој.

Кога се сретнале шест месеци подоцна, Анџелина го нарекла Бранко стар пријател, како отсекогаш да се знаеле. На снимањето на филмот со Анџелина бил и нејзиниот тогашен сопруг, Бред Пит.

„Тој беше многу шармантен, скромен и некако срамежлив. Тој ми кажа пцости од овие подрачја на кои се сеќаваше од времето кога снимаше во 80-тите години во Црна Гора. И интересно, тој ме праша за тие луѓе, за глумците и помошниците што работеа на филмот. Ги знаеше нивните имиња и ме праша како живеат. Тој е навистина социјално освестен“ рекол Бранко.

 

Текстот Џоли му поклони гитара на Бранко Ѓуриќ е превземен од Reporter.mk.