Џон Бон Џови со семејство летува во Хрватска

Американскиот пејач и рокер (57) и неговата сопруга Дороти Херли (56) и неговите синови Ромео (15) и Џејкоб (17) вчера пристигнаа во Цавтат.

Бон Џови ја укотви својата луксузна 60 метри долга јахта „Рарити“, која  е изградена во  2008 година и може да прими 12 гости во шест кабини. Музичарот се прошета низ Цавтат, и делеше автограми на обожавателите.

Сепак, неговиот син Џејкоб се пофали со видеото од нивната луксузна јахта. И откри дека вечерта биле во во Дубровник.

Текстот Џон Бон Џови со семејство летува во Хрватска е превземен од Reporter.mk.