Џон Траволта бара пари за да се сликате со него

Холивудскиот глумец Џон Траволта и покрај одличната финансиска состојба и заработка од филмовите и понатаму има практика да им наплатува на оние фанови кои сакаат да се сликаат со него и да добијат негов автограм. Светските медиуми пишуваат дека едно селфи со актерот може да достигне цена и до 500 долари.

Глумецот бил виден последен пат на конвенција во Австралија. На настанот што бил привлечен за љубителите на научна фантастика глумецот им наплатувал на фановите за направените фотографии со него. Цените се движеле од 250 до 500 долари.  Само еден автограм на Траволта чинел 500 долари, пишуваат светските медиуми.

Иако покрај високата цена голем број обожаватели стоеле во ред за фотографија и автограм од нивниот идол, пишуваат медиумите. Богатството на Траволта е проценето на 170 милиони долари. Во текот на својата кариера, тој има направено голем број успешни филмови.

 

 

Текстот Џон Траволта бара пари за да се сликате со него е превземен од Reporter.mk.