Холивудската ѕвезда Џони Деп во интервју за магазинот „Џи-кју“ првпат јавно проговори за обвинувањата на поранешната сопруга Амбер Херд, која тврдеше дека ја тепал и дека затоа се развела од него. Тој вели дека не е насилен тип.
„Никогаш не сум ја тепал Амбер. Холивудските моќници се обидоа да ме замолчат, но јас сум подготвен да го напуштам снимањето филмови засекогаш ако овој заговор против мене продолжи“, вели тој.
Актерот вели дека поради овие обвинувања му се урнала кариерата.
„По ваквите обвинувања, луѓето поинаку ме гледаат. Како да сум ѕвер. А потоа се појавија и коментарите дека сум луд, дека треба да ми се направи тест за ментално здравје. Ми прави лошо. Најлошото е што сум претставен како личност каква што не сум“, додава тој.
Деп и Херд се разведоа во јануари 2017 година, по двегодишен брак. Амбер поднесе барање за развод оти Деп ја малтретирал во нивната куќа во Лос Анџелес. Разводот заврши со вонсудски договор со кој Амбер доби над 5,5 милиони долари.
Текстот Џони Деп: Амбер лаже дека сум ја тепал е превземен од Reporter.mk.