Популарниот холивудски актер Џони Деп беше обвинет за семејно насилство од поранешната сопруга Амбер Херд, а сега најавува дека ќе ја тужи поради тоа што „нејзините тврдења се лажни“.
Амбер Херд го обвини Џони Деп за домашно насилство и агресивно однесување во мај 2016 година, за што судот ѝ додели паричен надоместок од 7 милиони, кој актерката го донираше во добротворни цели.
„Господинот Деп никогаш не ја злоставуваше и малтретираше госпоѓата Херд. Нејзините обвинувања од 2016 година се лажни, а беа дел од добро планирана измама со цел таа да добие позитивен публицитет и да ја подобри позицијата на нејзината кариера“, вели новата тужба.
Актерот бара отштета од 50 милиони долари, поради тоа што наводно лажните изјави на неговата поранешна сопруга имаат нанесено голема штета не само на неговото име, туку и на неговата кариера.
Текстот Џони Деп бара 50 милиони долари од поранешната е превземен од Reporter.mk.