Џони Деп бил во тајна посета на Белград каде што ќе го снима својот најнов филм „Минамата“. Актерот пристигнал во Србија за да ги разгледа локациите за снимањето, вели негов близок пријател.
„Џони во Белград слетал пред неколку дена во најстрога тајност. Со него беше и продуцентот со кого ги разгледале локациите каде што ќе го снимаат новиот филм. Го погледнале и пентхаусот во елитната населба во Белград каде што Деп ќе престојува за време на снимањето. Станот специјално е опремен по негов вкус“, изјавил пријателот на Џони Деп.
Филмот ќе се снима по вистинска приказна која се случува во јапонскиот град Минамата. Станува збор за фотографија со која ќе се разоткрие испуштањето на тешки метали од хемиска фабрика, од која се трујат жителите на јапонскиот град.
Снимањето на филмот ќе почне да се снима во Јапонија, а екипата на средината на јануари ќе се пресели во Србија, каде што ќе се снимаат и останатите сцени. Инаку, ова не е првпат славниот актер да престојува во Србија. Џони Деп беше специјален гостин и на режисерот Емир Кустурица во 2010 година, на Мокра Гора.
Текстот Џони Деп бил во тајна посета на Белград е превземен од Reporter.mk.