Џони Деп исфрлен од „Пиратите од Карибите“

Џони Деп повеќе нема да се појави во улогата на капетан Џек Спероу во продолжението на филмот „Пиратите од Карибите“, пишува „Дејли Мејл“.

Деп глумеше во главната улога на овој пиратски хит на „Дизни“ во пет продолженија, а дека Ded Men Teel No Tales е неговиот последен филм во кој ќе глуми, потврди еден од сценаристите Стјуарт Бити.

Тоа беше еден од најуспешните продолженија од оваа франшиза.

„Капетан Џек Спероу го направи Џони Деп препознатлив по оваа улога. Децата во цел свет го сакаат па мислам дека тоа би било одлично за него и за нас“, изјавил Бити и потврдил дека Деп повеќе нема да биде пират.

„Мислам дека Џек Сперои ќе биде негово наследство. Луѓето Џони Деп ќе го паметат токму по оваа улога“, додал Бити.

Токму Бити беше креатор на овој лик во „Пиратите од Карибите“.

Актерот Џони Деп во последниот период се носи со голем број на приватни проблеми, но и финансиски потешкотии. Обожавателите се грижат дека сето тоа се одразило и на неговото здравје, затоа што 54 годишниот актер изгледа многу слабо, а тоа го покажуваат и некои од неговите последни фотографии.

 

Текстот Џони Деп исфрлен од „Пиратите од Карибите“ е превземен од Reporter.mk.