Српската пејачка Каја Остојиќ, која публиката ја препознава по учеството во шоуто „Твоето лице звучи познато“, откри дека била на вечера со Џони Деп. Таа за „Блиц“ открила дека холивудскиот глумец е многу шармантен и многу нормален, а дека таа си поминала убаво во негово друштво.
„За време на вечерата разговаравме за се, многу разговаравме за мојот сопруг, кој е неговиот голем фан. Тогаш се сликавме и му ја испратив заедничката фотографија“, рекла пејачката која е долги години во брак со музичарот Џуниор Џек.
„Џек не беше љубоморен, напротив, среќен е што го сретнав. Не можете ни да замислите колку е Џони нормален човек, пристоен, но и шармантен. Да го сретнете на улица, не би помислиле дека е толку нормална личност. Јас, пак, му кажав кои се најдобрите места што треба да ги посети во Белград и му открив неколку работи за нашата земја кои дотогаш не ги знаеше“, додала таа.
Џони Деп е во Белград веќе неколку недели, а го снима филмот „Минамата“ во кој глуми фотограф.
Текстот Џони Деп ја шармираше српската пејачка Каја Остојиќ е превземен од Reporter.mk.