Џони Деп ќе снима филм во Србија

По осум години, Џони Деп повторно доаѓа во посета на Србија. Славниот холивудски актер ќе стигне во Белград во јануари следната година, за снимањето на филмот за воениот фотограф Јуџин Смит.

Во прашање е снимањето на филмот „Минамата“, наречен по болеста која предизвикува труење. Ќе почне со снимање во Јапонија, а потоа ќе продолжи во Србија, пишува Varajeti.

Фото есејот од 1972 година, со кој Смит ширум јавноста ги претставил ужастите на болеста Минамата, е откриен во Јапонија во 1956 година.

Ендру Левитас ќе го режира остварувањето според сценариото на Дејвид Кеслер, а според книгата на Јуџин Смит и неговата сопруга Ајлин Миоко Смит. „Минамата“ е приказна за труењето на градот и луѓето кои одлучиле да се носат со бремето на храброста.

Смит е еден од најистакнатите американски фотоновинари и можеби најважниот американски фотограф во развојот на едиторијалните фото есеи, како што го опишал „Гардијан“.

Деп претходно престојувал во Србија во 2010 година, кога учествувал на фестивалот „Кустендорф“.

 

 

Текстот Џони Деп ќе снима филм во Србија е превземен од Reporter.mk.