Поранешниот претседател Џорџ Буш ја испрати својата 36- годишна ќерка Барбара до олтарот, додека нејзиниот дедо исто така екс претседател на САД, Џорџ Херберт Вокер Буш од столче ја гледаше свадбената церемонија на семејниот имот Вокер поинт во Мејн.
Нејзината сестра близначка Џена изјави дека Барбара на свадбата носела позајмена нараквица. Нараквица која нејзиниот дедо Џорџ и ја подарил на нивната баба Барбара Буш за 70 –тата годишнина од брак. Инаку поранешната прва дама на САД, Барбара Буш почина во април годинава во својата 92 –ра година од животот.
Текстот Џорџ Буш ја испрати ќерка до олтарот е превземен од Reporter.mk.