Еден од најпопуларните парови во Холивуд, Џорџ и Амал Клуни беа во посета на главниот град во Шкотска, Единбург каде присуствуваа на хуманитарна гала вечера, на која им беше врачена наградата за хуманитарна работа.
Церемонијата се одржала во свечената сала на Универзитетот во Единбург. Актерот и адвокатката за човекови права биле дочекани со овации од страна на илјадниците луѓе кои биле собрани пред згдата на Универзитетот, за да ја поздрават популарната двојка за која велат дека несебично им помагале на загрозените.
На семејството Клуни му било врачено признание за интернационална хуманитарна работа преку нивната добротворна организација „Клуни фондација за правда“.
Освен за хуманоста, модните критичари велат дека двојката воодушевила и со својата елегантност. Особено Амал, од која стилистите велат дека не очекувале ништо помалку.
Адвокатката се појавила во тегет комбинезон на едното рамо и чевли во иста боја. Монотонијата Амал ја разбила со црниот кожен појас, кој ја истакнувал нејзината витка половина и торба со тигрести шари.
Амал својата долга и густа коса ја имала пуштено, додека лицето и било средено со дискретна шминка, малку интезивен розев кармин и со скапоцени, но едноставни обетки.
Текстот Џорџ и Амал Клуни добија награда за хуманост е превземен од Reporter.mk.