Актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал ќе бидат кумови на првото бебе на Меган Маркл и принцот Хари, пишуваат американските медиуми, повикувајќи се на изјава од роднина на Џорџ Клуни. Џорџ и Хари се долгогодишни пријатели, а тој и Амал беа меѓу гостите на свадбата на кралската двојка. Веста за кумството засега не ја потврдиле ниту актерот, ниту пак портпаролот на Кенсингтонската палата.
Бебето на војводата и војвотката од Сасекс треба да се роди во април следната година. Двојката пред повеќе од еден месец ја потврди веста за бременоста на Меган. Веднаш по ова двојката замина во официјална посета на Австралија и Нов Зеланд каде што ги добија првите подароци за бебето.
Текстот Џорџ и Амал Клуни ќе бидат кумови на бебето на Меган и Хари е превземен од Reporter.mk.