Актерот Џорџ Клуни, заедно со топ-моделот Синди Крафорд и бизнисменот Ренди Гербер беа најозборуваната тројка на Ноќта на вештерките во Холивуд.
На забавата на компанијата за текила „Казамигос“ која ја продадоа лани, се маскираа како пилоти, а Крафорд беше стјуардеса. Амал Клуни, адвокатката за човекови права и сопруга на Џорџ, останала дома да ги чува близнаците Александер и Ела.
„Многу се забавувавме. Ми требаше пауза од менување на пелени“, се шегуваше Клуни на социјалните мрежи.
Текстот Џорџ Клуни и Синди Крафорд најозборувана двојка за Ноќта на вештерките е превземен од Reporter.mk.